
Екипата на ЖРК Ѓорче Петров е освојувач на ракометниот Куп на Македонија.
Во финалето кое се одржа денес во спортската сала во Радовиш ракометарките од Ѓорче Петров беа подобри од ЖРК Чаир со 36-19.
Со овој триус тие го одбранија ланскиот освоен трофеј и втора година по ред се закитија со двојна круна. За ЖРК Ѓорче Петров, ова беше осумнаесетти Куп-трофеј.
Најдобра кај стрелците беше Ивана Дежиќ со девет, пред Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај чаирчанки, Стефанија Ѓеоргиевска погоди пет пати.
Вранчиќ го доби МВП признанието, додека Дежиќ беше прогласена за најдобар стрелец.