
Ракометарите на Србија го направија најголемото изненадување во второто коло на Европското првенство во ракомет откако синоќа ја совладаа Германија со 30:27. Со овој триумф и поразот од Шпанија 27:29, со победа во последното коло против Австрија избраниците на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез имаат прилика да се пласираат во следната фаза, особено што Шпанија и Германија играат меѓу себе.
– Игравме совршено, пред полна сала. Пред натпреварот разговаравме дека мора да играме сите 60 минути. Се боревме до крај и освоивме два бода. Ќе се фокусираме на победа на следниот натпревар и ќе видиме што ќе се случи на дуелот Германија – Шпанија, изјави Раул.
По две одиграни кола Шпанија е прва во групата А со 4 бодови, пред Србија и Германија кои имаат по 2, Австрија е без бод.

Македонски





