
Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Македонија уште од самиот почеток наметна силно темпо и на средината од првиот дел имаше водство од седум голови разлика (12-5) кое на полувремето изнесуваше недостижни плус девет (19-10).
Во продолжението македонските ракометари рутински го приведоа натпреварот до самиот крај и ја забележаа втората победа во петтиот натпревар во квалификациската група 1.
Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а голманите Томовски и Митревски заедно запишаа вкупно 19 одбрани.
Во завршното коло Македонија в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Литванија и за сигурен пласман на ЕП на избраниците на Лазаров ќе им биде потребна победа од најмалку три голови разлика