Skip to main content

Koга играат Еурофарм и Вардар секогаш е дерби

 Со Суперкупот закажан за вечер во Кавадарци ќе биде отворена новата сезона во македонскиот ракомет. За трофејот во Суперкупот ќе се борат актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер и куп-победникот Вардар.

Во претсезонските натпревари, вечните ривали се сретнаа два пати, и во двата наврата победија битолчани па поради подобрата форма влегуваат како фаворити на вечерашната пресметка.

Од друга страна, вардарци се со неколку повредени играчи и тоа е проблем за новиот тренер Иван Чупиќ.

Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ со почеток во 19 часот. 

Минатата години Суперкупот го освои Алкалоид

Поврзани вести