
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ноќеска ја победи Кинезинката Ванг Ксинју во третото коло од турнирот во Синсинати (САД) со 6:1 и 6:3. Мечот траеше 55 минути.
Првиот светски рекет сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од седум брејк топки.
Кинеската тенисерка сервираше два аса и направи два двојни грешки.
Следната противничка на Сабаленка ќе биде Сара Бејлек од Чешка.
Турнирот во Синсинати се игра за награден фонд од 7,4 милиони долари

Македонски


