
Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук (30) е суспендирана четири години поради позитивен допинг тест, објави вечерва Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ).
АИУ ја суспендираше Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата Икс.
Дваесетидеветгодишната Бех-Романчук беше позитивна на допинг тестот на 7 декември 2024 година и привремено беше суспендирана во мај оваа година.
Во својата кариера, Бех – Романчук освои сребрени медали на две светски првенства – во трискок во Будимпешта во 2023 година и во скок во далечина во Доха во 2019 година.
На Олимписките игри во Париз во 2024 година се пласираше на 11-то место во трискок.