
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати денеска оставката на Васко Скендеровски од функцијата селектор на македонската футсал репрезентација и за негов наследник го назначи Газмент Исени.
„Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на долгогодишниот предводник на футсал селекцијата Скендеровски за неговиот придонес и посветеност во развојот на македонскиот футсал“, соопшти Куќата на фудбалот.
Исеини е тренер на актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, Форца 2015, а изминатите години беше дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата.
Исени оваа недела го очекува настап со кумановска Форца 2015 во квалификациите во Лигата на шампиони.