Skip to main content

Сабаленка загуби од Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан

Фото: Facebook/Aryna Sabalenka

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан со 6:2, 4:6 и 6:7 (2:7).

Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Ова беше прв пораз на Белорусинката на турнирот во Вухан. Претходно таа имаше освоено 20 од 20 натпревари.

Американката ќе се соочи со својата сонародничка Коко Гоф во финалето.

Наградниот фонд на турнирто изнесува 3,7 милиони  долари.

Поврзани вести