Skip to main content

Сабаленка оди кон нов тримуф на Ролан Гарос

 Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра во полуфиналето на Грен слемот во Париз. Таа денес во четвртфиналето на Ролан Гарос во два сета ја победи Женг Чинвен од Кина – 7:6 (7:3) и 6:3.

Во меч што траеше два часа, светскиот женски рекет број еден сервираше шест пати асови, направи две двојни грешки и реализира четири брејк топки од вкупно шест шанси. 

Кинеската тенисерка која го зазема 7. место на светската ранг-листа, имаше пет аса, исто толку двојни сервис грешки и две конвертирани брејк топки од две можности.

За пласман во финалето на Отвореното првенство на Франција, Сабаленка ќе ги одмери силите со победничката од мечот меѓу Украинката Елина Свитолина и Ига Швјонтек од Полска.

„Ролан Гарос“ 2025 се игра за вкупен награден фонд 56.4 милиони евра.

Поврзани вести