Денеска официјално започна пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година. Пријавувањето може да се изврши преку официјалната веб-страница на маратонот, на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk.
Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија следната година повторно ќе ги обедини спортските ентузијасти, професионалци и рекреативци, со можност да учествуваатво четири трки: маратон, полумаратон, Комерцијална Банка 5KM, и Штафетен Маратон – ЕУ за Спорт.
За сите заинтересирани, регистрацијата е отворена, а првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет – одличен сувенир, кој ќе ги потсетува натпреварувачите на нивното учество!
Покрај незаборавното искуство и гордоста од постигнатите резултати, сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на маратонот – Wizz Air.