
Легендарниот Еди Џордан, поранешен сопственик на тимот Џордан од Формула 1, почина рано утрово на 76-годишна возраст, јави „Би-би-си“.
Ирскиот бизнисмен се бореше со агресивен рак на простатата. Смртта ја потврди неговото семејство.
„Со длабока тага објавуваме дека почина Еди Џордан, поранешен сопственик на тим во Формула 1, ТВ-аналитичар и бизнисмен. Почина тивко со семејството крај себе во Кејптаун во раните утрински часови на 20 март 2025“, се вели во соопштението на семејството Џордан.
Еди Џордан беше сопственик на тимот на Џордан во переиодот од 1991 до 2005 година. Во историјата останува запишано дека токму за овој тим своето деби во Ф1 го имаше легендарниот Михаел Шумахер, на трката за ГН на Белгија во 1991 година.