
Норвежанката Ана Одине Стром победи во скијачките скокови на малата скокалница на Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026.
Стром беше на лидерската позиција и по првата серија. Таа собра вкупно 267,3 поени (136,9 м + 130,4 м).
Најголемата фаворитка за златото, словенечката репрезентативката Ника Превц мораше да се задоволи само со второто место по скоковите 135,9 метри и 130,3 метри или вкупно 266,2.
На подиумот се најде и Јапонката Нозоми Марујама со освоени 261,8 поени (135,7 м + 126,1 м).
Со ова злато, Норвешка им се придружи на Шведска, Италија и Швајцарија кои освоија најсјајни одличја на Игрите во Милано и Кортина.

Македонски



