Skip to main content

Најскапите медали во историјата на олимпизмот се скршија, организаторот ќе ги поправи

Фејсбук профил ЗОИ 2026 Милано Кортина

Лука Касаса, директор за комуникации на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо, изјави дека организацијата ќе ги поправи дефектите во медалите.

Сакам да го разјаснам прашањето во врска со медалите. Ограничен број медали имаа проблеми. Организацискиот комитет веднаш започна истрага со италијанската организација, ковачницата што ги произведува медалите. Преземаме чекори за да ја поправиме ситуацијата. Спортистите треба да не контактираат доколку нивните медали се скршени. Нека ги вратат, а ние ќе ги поправиме, изјави Касара.

Претходно, неколку учесници на Игрите пријавија проблеми со нивните медали. Сребрениот медал на шведската скијачка Еба Андерсон се скрши и делови се изгубија во снегот, а бронзениот медал на германскиот биатлонец Јустус Стрехлов се откачи од врвката и падна за време на прославата.

Ова се најскапите медали во олимписката историја поради континуираниот раст на цената на скапоцените метали.