Германскиот тенисер Александар Зверев утринава го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Австралија опен 2025 година со резултат 7:6 (7:1), 7:6 (7:0), 2:6, 6:1.
Мечот траеше 3 часа и 44 минути.
Дваесет и седумгодишниот Зверев имаше 7 асови, 5 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од вкупно 11. Американецот сервираше 9 асови, направи 2 двојни грешки и реализира 3 брејк топки од 7.
Зверев во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот Новак Ѓоковиќ – Карлос Алкараз.
Германецот втора година по ред стигнува до полуфиналето на турнирот во Мелбурн