
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години оствари голема победа совладувајќи ја Грција со 3:2 во сетови (16:25; 21:25; 34:32; 25:15; 15:13). Овој натпревар е дел од БВА Балканскиот шампионат и разигрувањето од 5-8.место.
Клучен за победата беше третиот сет, кои го добија македонските одбојкари по голема борба и 66 одиграни поени и со тоа го најавија пресвртот бидејќи противникот имаше водство од 2:0 во сетови. По изедначувањето на 2:2 Македонија го освои и решавачкиот сет со 15:13 на поени.
Македонија утре во дуелот за 5.место ќе игра против Црна Гора.