Skip to main content

Дебакл на Ферари на стартот на сезоната во Ф1

Возачот на Ферари, Шарл Леклер не е задоволен од настапот на тимот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австралија.

Дваесет и седумгодишниот Моначанец ја заврши трката на осмото место, додека другиот возач на Ферари, Луис Хамилтон се пласира на десеттата позиција.

– Дефинитивно пропуштивме шанса. Во такви променливи услови, кога сè се менува и воопшто имаме недостаток на темпо, треба да освоиме повеќе бодови, а ние денес не успеавме да го направиме тоа. Не бевме доволно брзи во првиот дел од трката, а потоа кога беше важно да ги направиме вистинските избори, не го направивме. Но, пред сè  јас бев виновен што згрешив на излезот од свиокот 11, затоа што изгубив четири-пет позиции таму, што не доведе во губитничка ситуација. Можевме да се бориме за трето или четврто место. Мекларен и Ред Бул се многу побрзи, па ни претстои уште многу работа, изјави Леклер за „Моторспорт“.

Поврзани вести