
Турција и Германија вечерва во Рига ќе го играат финалето на Евробаскет 2025.
Оптимизам владее во двата табора. Еден од најдобрите кошаркари во германската репрезентација, Денис Шредер верува дека нега неговиот тим има квалитет да дојде до трофејот.
– Ја знам стратегијата што Атаман се обидува да ја примени. И таа сигурно функционираше. Ние се обидуваме да се фокусираме на себе, да се бориме, да останеме обединети како тим и да се обидеме да го донесеме трофејот дома, рече капитенот на Германија.
Шредер е еден од лидерите на Германија на овој Евробаскет, со просек од 20,9 поени, 3,5 скока и 6,6 асистенции по натпревар.
Претходно, селекторот на Турција, Ергин Атаман рече дека „ако стигнам до финалето, ќе победам“.
Финалниот натпревар е закажан за 20 часот. Претходно, од 16 часот за 3.место ќе играат Грција и Финска