Skip to main content
6hDkPf78n-M

Прв пораз на Партизан во „Арената“

Кошаркарите на Париз го победија Партизан со 101:83 во 6-то коло од Евролигата одиграно во Белградската арена.

Уште од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека Партизан без Карлик Џонс нема организација на играта. Париз го искористи тоа и беше агресивен по целиот терен, а на полувремето замина со плус 4 – 48:44.

Продолжението на натпреварот донесе ужасна игра од Партизан и многу изгубени топки. Сето тоа беше проследено со одличен шут на гостите за три поени.

Париза сега е на 4-2, додека Партизан е на 3-3.

Очигледно е дека на Партизан му треба засилување на позицијата плејмејкер и тоа итно!