
– Екипата на Филаделфија рано утрово го совлада тимот на Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 128:113.
Со по 29 постигнати поени најефикасни на натпреварот беа, крилниот центар на Клиперс, Каваи Леонард, и бекот на Сиксерси, Тајрис Макси.
Филаделфија ја забележа својата четврта победа по ред и 28. во сезоната. Тимот е шести на табелата во Источната конференција. Клиперси (23 победи) се на деветтото место на Западот.
На другите два натпревара во НБА-лигата играни ноќеска:
Индијана – Хјустон 114:118
Мемфис – Минесота 137:128.

Македонски



