
Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа вечерва над Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година.
Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и Ти Џеј Шортс со 21 поени.
Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и Естонија, како и Полска која заедно со Кипар, Летонија и Чешка ќе бидат кодомаќини на завршниот турнир од 27 август до 14 септември.
Македонската репрезентација ќе се врати на меѓународната сцена во август кога ќе ги стартува претквалификациите за следниот кошаркарски Мундијал.