Skip to main content

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги почна подготовките

Со првиот тренинг попладнево во салата на СРЦ „Кале“ и официјално почнаа подготовките на машка сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. Селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Мирко Петрески, Борче Даскаловски и Миодраг Тодоровиќ, на првиот собир ги имаа на располагање следниве кошаркари: Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ

Лејсон Зекири поради болки го пропушти првиот собир, а на 17.јули пред заминувањето за Гевгелија на националниот тим ќе му се приклучи Адем Мекиќ, а два дена подоцна, во стројот ќе биде и Теодор Симиќ. Андреј Јакимовски ќе се појави на подготовките на 23.јули.

Со младинските репрезентации обврски имаат: Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ, додека Никола Јаничиќ го чека настап за селекцијата на Македонија М18 на Европското првенство во Србија.

Дополнително во Гевгелија во националниот тим ќе се појави Џејкоб Вајли.

Во Гевгелија, Македонија ќе одигра два натпревара на 25. и 26. јули, против Швајцарија, по што следува преселба во Куманово каде „црвено-жолтите“ ќе ги дочекаат претквалификациските натпревари.

Македонија на 2.август игра дома со Романија, на 9.август гостува во Шолнок кај Унгарија, потоа на 13.август гостува во Орадеа кај Романија и во последното коло на 20.август во Куманово ја пречекува Унгарија.

Поврзани вести