
Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс не тренира со тимот.
Лејкерси му дадоа одмор на Џејмс кој го пропушти неделниот натпревар со Портланд поради повреда на стапалото.
– Леброн не е со тимот во моментов. Тој е отсутен од лични причини. Во последниот натпревар неколку пати побара да биде заменет поради замор. Мораме да разбереме дека кумулативниот ефект од неговата минутажа и бројот на натпревари имаат влијание, а средбата во неделата беше добра можност да му дадеме одмор, ја објасни ситуацијата тренерот Џеј Џеј Редик.