Skip to main content

Камил Новак во посета на Македонија

МКФ

Извршниот директор на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Камил Новак е во Скопје, како специјален гостин на Македонската кошаркарска федерација.

Тој во текот на вчерашниот ден оствари работни состаноци со раководниот тим на македонската федерација.

Новак заедно со на потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски, и генералниот секретар, Томче Стојчевски, беше присутен и на дел од натпреварите од првиот ден на Европското првенство Б-Дивизијата што с еигра во Скопје.