Skip to main content

Кошаркарскиот тренер Антонио Савевски е возачот кој трагично го загуби животот на патот Охрид – Кичево

Фејсбук профил на Антонио Савевски

Тренерот во младинската школа на Ангели, Антонио Савески (33), е трагично настраданиот во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.

Освен што бил кошаркар и тренер Савески во јавноста беше познат како пасиониран колекционер на спортска опрема, откако во својата колекција имаше околу 500 кошаркарски дресови.

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.