Skip to main content

Харден на „стари“ години руши рекорди

Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден, стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој постави рекорд во постигнување поени во еден натпревар за два различни тима.

Во победата од 131:116 над Шарлот Хорнетс, Харден синоќа постигна 55 поени, најмногу во еден натпревар во историјата на Клиперс. Тој исто така имаше три скока и седум асистенции.

Со Хјустон Рокетс во 2019 година, Харден двапати постигна 61 поен во еден натпревар, што е тимски рекорд

Поврзани вести