
НБА-лигата ги прогласи бекот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, и крилниот центар на Бостон селтикс, Џејлен Браун, за најдобри играчи во јануари во Западната и Источната конференција, соодветно.
Дваесет и шестгодишниот Словенец им помогна на Лејкерси да победат во 9 од 16 натпревари. Тој имаше просек од 34 поени и 7,2 скока.
Дваесет и деветгодишниот Американец ги предводеше Селтикс до резултат од 10-6 минатиот месец, со просек од 29,2 поени, 7,9 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
За најдобри тренери во јануари признанието отиде кај Џордан От од Феникс санс и Чарлс Ли од Шарлот хорнетс

Македонски



