Skip to main content

Вечерва сите на Градски – се слави 79 години Вардар македонски

Приказната продолжува да живее и 79 години подоцна, велат од навивачката група Комити, повикувајќи ги сите поддржувачи на Вардар вечерва да дојдат и да ги поддржат вардарци на градскиот стадион во Скопје:

Децении на борба, на спомени и емоција која без разлика на генерациите, останала иста, непроменета, црвено-црна. Срцево во градиве и понатаму е полно љубов за тебе – НАШ ВАРДАРЕ!

Вечерва сите на Градски – за роденденска победа над Рига, за уште едно црвено-црно славје во копот!

Собир: 18:00ч | пред западна трибина

Продажба на собир:

Билети: 200 ден.

Маици: 1500/1800 ден.

Налепници: 100 ден. едиција

Пијалоци: 50/100 ден.

БОРБА ЗА ВАРДАР – СИТЕ НА ГРАДСКИ!

Поврзани вести