Skip to main content

Тренерот на Шкендија: Имавме среќа, но работиме за таа среќа да ја заслужиме

Екипата на тетовска Шкендија во втората рунда од УЕФА Конференциската лига синоќа во Скопје ја постигна првата победа со триумфот над Шелбурн со 1:0. Единствениот гол (автогол) македонскиот првак го постигна во судиското надополнување на вториот дел. Мене ми е важна добрата игра, бодовите во Европа, затоа што директно влијае тоа и на лигата на Македонија и на другите екипи.

–  Задоволен сум од првата победа во групната фаза, но најважно ми е дека оваа Шкендија моментално не е на својот максимум и се надевам дека следните натпревари и дома и гости ќе бидеме поквалитетни. Среќата ги следи храбрите, се согласувам дека имавме среќа, но работиме за таа среќа да ја заслужиме. Секогаш верувам до крај на натпреварите, ваквите победи се послатки, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

Следниот натпревар во ова натпреварување Шкендија го игра на 6.ноември како домаќин против Јагелонија.

Поврзани вести