Skip to main content

Стеaуа доаѓа во Скопје на 22 јули

 Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги утврди денеска термините за одигрување на двата натпревари меѓу Шкендија и ФЦСБ во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар што ќе се игра на 22 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот, додека реваншот е закажан за 30 јули на стадионот „Стеауа“ во Букурешт со почеток во 19: 30 часот.

Македонскиот првак избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони, совладувајќи го вчеравечер велшки ТНС во Скопје со 2-1 по продолженија, откако првиот натпревар на гостински терен заврши без голови.

Романски ФЦСБ, поранешна Стеауа, во 1. квалификациско коло го елиминираше Интер Ескалдес, со вкупен резултат 4-3, откако на првиот натпревар пред своите гледачи победи со 3-1, а вчера на реваншот во Андора загуби со 2-1