
Фудбалерот Филип Стојилковиќ, кој игра за италијанската Пиза и е швајцарски репрезентативец со српско потекло, предизвика контроверзии со изјава за Србија. На прашање за избор меѓу репрезентациите на Швајцарија и Србија, тој изјавил дека би го одбрал швајцарскиот национален тим, бидејќи „Швајцарија е најубава земја на светот“.
Оваа изјава беше оценета како навредлива од страна на српските медиуми, кои истакнуваат дека Стојилковиќ потекнува од Србија и дека требало да покаже повеќе почит кон земјата на своите родители.
Стојилковиќ порано играл во Србија за ОФК Белград, каде што ја обнови својата кариера пред да замине во странство.

Македонски


