Skip to main content

Сплалети официјалнно на клупата на Јувентус

Италијанскиот фудбалски стратег Лучано Спалети (66) е новиот тренер на Јувентус, објави клубот од Торино.
Спалети доаѓа во Јувентус откако хрватскиот тренер Игор Тудор беше отпуштен претходно оваа недела, а потпиша договор до 30 јуни 2026 година, со можност за продолжување доколку торинскиот гигант се квалификува во Лигата на шампиони следната сезона.


Според италијанските медиуми, Спалети ќе заработи околу три милиони евра.
Јувентус е на седмото место во Серија А со 15 бодови, шест помалку од водечките Наполи и Рома.
Спалети неодамна беше селектор на италијанската репрезентација, но беше отпуштен на почетокот на летото по поразот од Норвешка (0-3) во квалификациите за Светското првенство 2026

Поврзани вести