Натпреварот од 20. коло на Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед може да не се одигра поради обилни снежни врнежи, пренесува „Дејли мејл“.
Советодавната група за безбедност на градскиот совет на Ливерпул денеска ќе се состане за да одлучи дали да го откаже натпреварот поради тешките временски услови.
Теренската проверка на „Енфилд“ ќе се одржи попладнево.
Поради обилните снежни врнежи, се наведува дека привремено се затворени и пистите на аеродромите во Манчестер и Ливерпул.
Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 45 бода од 18 натпревари. Манчестер јунајтед има 22 бода од 19 натпревари и се наоѓа на 14. место.
Натпреварот меѓу екипите е закажан за денес од 17:30 часот.