Skip to main content
338qx0f4nOY

Сити излезе од криза, ќе игра во финалето на Лига купот

 Манчестер сити синоќа го победи Њукасл со 3:1 во реваншот од полуфиналето на Лига Купот на Англија. Натпреварот се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Во 7. минута, напаѓачот на Сити, Омар Мармуш, го отвори резултатот. Дваесет минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 2:0, а Тијани Рејндерс во 32.минута погоди за 3:0.

Единствениот гол за Њукасл е дело на Ентони Еланга на почетокот на второто полувреме.

„Граѓаните“ победија и на првиот натпревар и со вкупни 5:1 одат во финалето.

Во финалето, Манчестер сити ќе се соочи со Арсенал, кој го победи Челзи. Натпреварот ќе се игра на 22 март, на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Поврзани вести