Skip to main content

Што говореше Џорџ Бест: Се откажав од жените и алкохолот во 1969 година – тоа беа најлошите 20 минути во мојот живот

Џорџ Бест е роден на 22 мај 1946 година и беше крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна Ирска.

Тој беше член на познатата генерација „Бебињата на Базби“ која на Манчестер му го донесе првиот Куп на европски шампиони во 1968 година. Истата година е прогласен за најдобар фудбалер во Европа на традиционалната анкета на Франс Фудбал.

Тој беше познат по својата долга црна коса, шарм и екстравагантен начин на живот. Не можеше да одолее на бројните пороци. Алкохолот, ноќниот живот, убавите жени… беа предизвици со кои не можеше да се справи. Џорџ беше главна личност и сакан од богатите и од работничката класа. Имаше се. Жените го обожаваа затоа што мажите го почитуваа, а мажите го почитуваа затоа што жените го обожаваа.

„Се откажав од жените и алкохолот во 1969 година – тоа беа најлошите 20 минути во мојот живот“ најдобро го опишува неговиот начин на живот.

Тој го допре дното во 1984 година, кога одлежа два месеци затвор за возење во алкохолизирана состојба и напад на полицајци.

Почина на 25 ноември 2005 година на 59-годишна возраст.

Поврзани вести