
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, стана ко-сопственик на шпанскиот клуб од Втората дивизија, Алмерија. Според официјалното соопштение на Португалецот, договорот е склучен преку неговата компанија, „CR7 Sports Investments“. Износот не е откриен.
– Кристијано Роналдо го објавува стекнувањето на 25 % од акциите во шпанскиот клуб од втората дивизија, Унион Депортива Алмерија, што е значаен чекор во континуираното проширување на неговото глобално инвестициско портфолио, се вели во соопштението.
Претседател на Алмерија е саудискиот бизнисмен Мохамед Ал-Кереји.
„CR7 Sports Investments“ е новосоздадена подружница на групацијата „CR7 SA“, дизајнирана да ги консолидира и управува со инвестициите на напаѓачот, кој порано играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус. Изборот падна на андалузискиот клуб, дом на португалски играчи, вклучувајќи го и поранешниот соиграч на Роналдо од Спортинг, Мигел Анхел.
-Отсекогаш сум сакал да придонесам за фудбалот надвор од теренот. Алмерија има солидна основа и јасен потенцијал за раст. Многу сум возбуден што ќе соработувам со раководството за да ја поддржам следната фаза од развојот на клубот, изјави Роналдо.
Претседателот на Алмерија, Мохамед Ал-Хереџи, го нарече Роналдо „најдобриот играч на сите времиња“ и изрази надеж дека тој ќе може да игра за андалузискиот тим во иднина. Алмерија е трета во Втората дивизија и се стреми кон промоција во највисоката лига.

Македонски



