
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ги искажа впечатоците за натпреварот со Манчестер сити синоќа во Лигата на шампионите.
Реал загуби на свој терен со 1:2 и покрај водството со голот на Родриго во 28.минута.
– Мислам дека имаме за што да се обвинуваме себеси. Го започнавме натпреварот многу добро, но има моменти кога грешките се особено болни. Противникот се закани по само 10 минути. На почетокот не ја контролиравме играта баш добро, но потоа ја презедовме контролата до самиот крај. Не бевме доволно суптилни, но не можам да ги обвинам играчите. Кога сте во деликатна ситуација, со толку многу повреди, ви паѓа самодовербата, па „Граѓаните“ успеаја брзо да го свртат текот на натпреварот. Тие се силни. Не примивме многу голови, но двата нивни беа доволни за победа. Имавме шанси, но не ги искористивме. Што се однесува до мојата иднина овде, не зависи од мене. Фокусиран сум на следниот натпревар на Реал Мадрид, тоа е она што е важно, рече Алонсо.
Реал по шест одиграни натпревари е на 7. место на табелата во елитното фудбалско натпреварување со 12 бода.

Македонски







