
Реал Мадрид ќе биде посилен за Антонио Ридигер против Манчестер Сити во денешниот натпревар од лигата на шампионите. Од тројцата штотуку закрепнати играчи кои тренираа со остатокот од тимот, само германскиот дефанзивец е подготвен за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, додека Лукас Васкез и Давид Алаба нема да можат да конкурираат за стартниот состав, пренесе „Марка“.
Враќањето на Рудигер ги израдува сите во „кралскиот клуб“, затоа што се очекува да ја стабилизира одбранбената линија. Младиот Асенсио и Рудигер ќе играат како централни дефанзивци, Федерико Валверде останува десен бек, додека Менди ќе игра лево.
Орелијан Чуамени се враќа во средниот ред каде што е многу повлијателен отколку во последната линија, па тренерот Карло Анчелоти има дополнителен играч во ротацијата на средниот ред. Реал Мадрид има предност од 3:2, но знае дека пред себе има исклучително тешка задача успешно да ја заврши работата и да се пласира во осминафиналето.