Skip to main content

Познат еквадорски фудбалер застрелан додека бил на шопинг со сопругата и со мајка му

Во Гвајакил во Еквадор, е убиен познатиот еквадорски фудбалер Марио Пинеда од еквадорскиот клуб „Барселона“.

Пинеда пазарувал со сопругата и мајка си кога две непознати лица на мотоцикли отвориле оган врз нив. Неговата сопруга исто така починала, но неговата мајка преживеала.

Како член на „Барселона“, фудбалерот двапати беше шампион на Еквадор и го освоил Купот на земјата. Локалната спортска јавност е во шок.

Поврзани вести