
Кога снегот ќе го завее теренот, а натпреварот „виси на конец“, Жерар Пике, сопственик на ФК Андора, ја зема работата во свои раце!
Поранешниот ас на Барселона ги засука ракавите и лично се фати за лопата за да го исчисти теренот на „Естади Национал“, кој беше покриен со 28 сантиметри снег. Но, не застана тука. Пике упати повик до сите граѓани на Андора да дојдат и да помогнат за да може мечот против Културал Леонеса да се одигра.
Ве повикувам сите да дојдете да ни помогнете. Донесете лопати, ќе го исчистиме ова! Денес играме!“ порача Пике во видеото.

Македонски




