
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Нико Вилијамс, кој се споменуваше како ново засилување на Барселона, одлучи да го продолжи договорот со Атлетик Билбао до лето 2035 година, објави попладнево баскискиот клуб.
„За мене, кога одлучувам, најважно е да го слушам своето срце. Јас сум таму каде што сакам да бидам, меѓу моите луѓе, ова е мојот дом“, порача Вилијамс во соопштението до јавноста.
Атлетик додаде дека откупната клаузула во договорот на Вилијамс е зголемена за повеќе од 50 проценти, додека шпанските медиуми објавија дека претходната изнесувала околу 62 милиони евра.
Дваесетидвегодишниот Нико Вилијамс е еден д клучните играчи на Атлетик за кого досега одигра 167 натпревари.
Неговиот претходен договор со клубот од Билбао беше со важност до 2027 година