Skip to main content

Нападот врз Столе и судиите ќе го чинат безобразниот Винисиус најмалку 4 натпревари

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1).

Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.

Според „Мундо Депортиво“, судијата ги запишал постапките на Винисиус во протоколот како агресивни. Според прописите на Ла Лига, за ваква максимална казна е 12 натпревари, а минималната 4.

По натпреварот, Винисиус на социјалните мрежи напиша „Извинете и благодарам на мојот тим“.

Реал Мадрид освои 43 бода и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига. Валенсија остана на 19. место со 12 бодови.

Поврзани вести