Skip to main content
Англискиот шампион има нов лев бек

Милош Керкез потпиша за Ливерпул

Instagram / miloskerkezofficial
Instagram / miloskerkezofficial

Унгарскиот дефанзивец Милош Керкез ги напушти редовите на Борнмут и од следната сезона ќе настапува за Ливерпул, објави денеска англискиот првак.

Дваесетиедногодишниот Унгарец потпиша долгорочен договор со Ливерпул. Сумата на трансферот не e објавена, но според инсајдерот Фабрицио Романо, Ливерпул ќе плати 40 милиони евра.

Минатата сезона, Керкез одигра 41 натпревари во сите конкуренции и постигна два гола, а додаде и шест асистенции.

Вистинска чест и привилегија за мене е да дојдам и да играм за еден од најголемите клубови во светот, најголемиот клуб во Англија. Навистина сум среќен и возбуден“, изјави Керкез за официјалниот сајт на Ливерпул. 

Поврзани вести