Skip to main content

Милевски: Најважни ни беа трите бода, овој меч го игравме под посебни околности

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со победа ги започна квалификациите за Светското првенство и во Вадуц против Лихтенштајн славевме победа од 0:3.

По натпреварот селекторот Благоја Милевски изрази задоволство од карактерот кој го покажеле фудбалерите во овие тешки моменти.

Им честитам на фудбалерите, игравме во тешки околности, а тие собраа сили и покажаа карактер. На најдобар начин го изнесоа натпреварот. Очекувавме компактен и организиран Лихтенштајн. Добро ги анализиравме нивните претходни натпревари и бевме максимално подготвени тактички и физичка. Исто така фасцинирам сум од поддршката и голема благодарност до луѓето кои дојдоа од цела Европа. Не ни беше важна разликата, важни беа трите бода. Имавме други оптертетувања. Задоволен сум и од дисциплината која ја видов“, изјави Милевски.

Веќе за три дена Македонија ја очекува и вториот натпревар во мундијалските квалификации против Велс на домашен терен. Овој натпревар е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Поврзани вести