
Ѕвездата на мароканската фудбалска репрезентација Исмаел Саибари, поради повреда, ќе го пропушти натпреварот од четврт-финалето на Светското првенство против Франција, кое е на програмата вечерва од 22 часот по средноевропско време во Бостон.
Мароканскиот селектор Мохамед Уаби сите репрезентативци се подготвени за дуелот против Франција, со исклучок не Саибари.
Новото засилување на Баерн Минхен се повреди на средина од првото полувреме на осминафиналниот натпревар меѓу Мароко и Канада (2-0) одигран во саботата.
Медиумските извештаи претходно оваа недела објавија дека Саибари претрпел само мала повреда на мускулот, што ги зголеми надежите за негово брзо враќање на теренот.
Саибари постигна три голови од почетокот на тековното Светско првенство.
Пред четири години, Мароко стана првата африканска репрезентација што стигна до полуфиналето на Светското првенство во Катар, во кое загуби од Франција.

Македонски



