
Манчестер сити рано утрово го победи Ал Аин со 6:0 на Светското клупско првенство во натпревар одигран во Атланта.
Два пати гол постигна Илкај Гундоган, а Клаудио Ечевери, Ерлинг Халанд, Оскар Боб и Рајан Черки постигнаа по еден гол.
По овој натпревар Манчестер сити е втор во групата Г со 6 бодови, исто колку и Јувентус кој е на првото место. Ал Аин, како и Вајдад, не освои ниту еден бод.
Во следниот натпревар Манчестер сити ќе се соочи со Јувентус на 26 јуни, додека Ал Аин истиот ден ќе игра против Видад