Skip to main content

Maнчестер Јунајтед зареди со победите

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија триумф од 2:1 на домашен терен во дуелот со Кристал Палас, иако противникот поведе со 1:0. Јунак на триумфот беше словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко, кој уште еднаш постигна гол за победа на својата екипа. Со новите три бодови Манчестер Јунајтед со 51 бод се проби на третото место колку што има и Астон Вила на четвртото место.

Инаку, почетокот на дуелот не беше добар за Манчестер Јунајтед откако Максенс Лакроа постигна гол во 4.минута за водство на гостите. Истиот фудбалер направи пенал во 56.минута, доби црвен картон, а Бруно Фернандеш изедначи од пенал. Шешко голот за победа го постигна во 65.минута.

На другите два дуела од 28.коло одиграни попладнево: Фулам – Тотенхем 2:1 и Брајтон – Нотингем Форест 2:1.

Дербито на колото од 17:30 часот го играат Арсенал и Челзи.

Поврзани вести