
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа пораз од Белорусија од 3-1 во Анталија.
Избраниците на Горан Станиќ не успеаја да забележат позитивен резултат на дебито на новиот селектор. Исто така и голем дел од играчите беа дебитанти, бидејќи ова е речиси целосно нова генерација фудбалери.
Македонија имаше три гола негатива против Белорусите, а единствениот погодок за нашиот млад национален тим го постигна Кире Стојанов во 82. минута.
Ова не е единствениот тест за Македонија У21 во Анталија, бидејќи во вторник следува уште еден со Азербејџан.