Skip to main content

Maкедонија не може да е во никој случај: Која репрезентација ќе го замени Иран на Светското првенство

Спорт и политика? Тие се поврзани. За жал.

Актуелната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, вклучувајќи го и американското и израелското бомбардирање на цели во Иран и Техеран, отвори и неочекувано прашање во светот на спортот – што би се случило ако Иран не може да учествува на Светското првенство во фудбал, а има сè погласни најави дека тоа ќе биде така…

Иако спортот и политиката формално треба да бидат одвоени, практиката постојано покажува дека во вонредни околности овие граници се бришат. Во случај на понатамошно влошување на безбедносната состојба, воведување меѓународни санкции или евентуална суспензија на Иран, се поставува прашањето, кој би го зазел неговото место на Светското првенство?

Правилата се јасни – но околностите не се


Според правилата на ФИФА, секоја национална репрезентација што се повлекува, е суспендирана или од која било причина не може да учествува на Светското првенство, мора да биде заменета со селекција од истата континентална конфедерација. Во случајот со Иран, ова значи дека замената би морала да дојде од Азија, имено од редовите на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

Иран веќе обезбеди место на Светското првенство преку квалификациите и не остави никаква дилема на теренот. Сепак, во вонредни политички и безбедносни околности, спортските резултати честопати паѓаат во втор план, а одлуките се носат на повисоко, глобално ниво.

Поврзани вести