
Ливерпул победи со 1-0 на гостински терен над Лестер и е многу блиску до титулата во Премиер лигата.
„Црвените“ имаат 79 бодови на врвот на табелата, додека Арсенал заостанува 13 бода со уште пет кола до крајот на сезоната. „Лисиците“ испаѓаат во втората лига откако имаат само 18 бода на 19. позиција.
Пречката ги спаси гостите од гол во десеттата минута по ударот на Вилфред Ндиди.
Во 76. минута Трент Александер-Арнолд погоди за домашните, а секунди подоцна топката двапати ги погоди стативите на Лестер.
Во понеделник навечер Тотенхем му гостува на Нотингем Форест во финалниот натпревар од 33. коло на англискиот шампионат.
Англиско фудбалско првенство, натпревари од 33.коло на Премиер лигата:
Фулам – Челси – 1:2
Ипсвич Таун – Арсенал – 0:4
Манчестер Јунајтед – Вулверхемптон – 0:1
Лестер Сити – Ливерпул – 0:1
Од саботата:
Астон Вила – Њукасл – 4:1
Брентфорд – Брајтон – 4:2
Кристал Палас – Бурнемаут – 0:0
Евертон – Манчестер Сити – 0:2
Вест Хем – Саутемптон – 1:1
Понеделник:
Тотенхем – Нотингем Форест
Ливерпул е лидер во поредокот со 79 бодови. Арсенал е втор со 66. Следуваат Њукасл со 59, Манчестер Сити со 58, Челси со 57, Нотингем Форест со 57, Астон Вила 57 итн.