Skip to main content

Легендата Навас замина во пензија

Шпанскиот фудбалер Хесус Навас синоќа пред 45.000 гледачи на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља објави крај на кариерата.

Причината поради која 39-годишниот Навас стави крај на својата исклучително успешна кариера е хроничната повреда на колкот која го спречи да продолжи да настапува на највисоко ниво.

„Ќе продолжев доколку ја немаше повредата на колкот, а живеев за задоволство на вас навивачите на Севиља“, низ солзи изјави Хесус Навас, кој во кариерата играше само за Севиља и Манчестер Сити.

Дресот на Севиља го носеше два пати, од 2003 до 2013 и од 2017 до 2024 година. Во меѓувреме беше член на Манчестер Сити.

За шпанската репрезентација одигра 56 натпревари, освојувајќи ги титулите светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 и 2024 година